Renault подготвува нов електричен кросовер / ВИДЕО
Доколку сакате мал електричен crossover од Renault, ќе мора да почекате до 2021 година
Електричниот кросовер во електричната гама на Renault ќе се позиционира место над популарниот Zoe, а се очекува да биде лансиран во 2021 година.
Она што треба да биде предност е платформата CMF / EV која е користена за моделот Morphoz, како и автономијата со едно полнење на батеријата која се очекува да биде околу 600 километри. За мал кросовер, тоа е огромен опсег. На пример, со едно полнење, Zoe може да се вози околу 395 километри, а има батерија од 55 kWh.
Концептот Morphoz своето деби требаше да го има на Саемот за автомобили во Женева во март, кој беше откажан поради пандемија на коронавирус.