Големото влијание на пандемијата на Covid-19 влијаеше и на доделувањето на наградите за Светски автомобил на годината за 2020 година – World Car of the Year (WCOTY), па во согласност со ограничувањата поставени низ целиот свет, организаторите решија победниците да ги објават преку дигиталните медиуми

Патот до наградите за Светски автомобил на годината за 2020 година е завршен со прогласување на двојна победа за Kia Motors. Kia Telluride е Светски автомобил на годината за 2020 година, а Kia Soul е светски урбан автомобил за 2020 година.

Победникот е избран од првичниот список на 29 модели од целиот свет за кој гласало меѓународното жири од 86 еминентни автомобилски новинари од 24 земји низ целиот свет. Сите членови на жирито се назначени од Светскиот управувачки комитет врз основа на нивната стручност, искуство, кредибилитет и влијание. Гласачките ливчиња на членовите на жирито се обработени од страна на Меѓународната сметководствена фирма KPMG

Kia Telluride е прогласен за Светски автомобил на годината за 2020 година, победувајќи ги Mazda CX-30 и Mazda3. Победникот на годинешниот избортребаше да биде објавен на почетокот од Саемот за автомобили во Њујорк, кој беше одложен поради пандемијата на Covid-19 за крајот на летото односно 28 август – 6 септември 2020 година.

Кандидатите за Светските награди за автомобили во 2021 година ќе бидат објавени подоцна во текот на годината, со прелиминарен список на кандидатски автомобили.

Победници по категории:

World Car of the Year – Kia Telluride
World Car Design of the Year – Mazda3

World Performance Car – Porsche Taycan

World Luxury Car – Porsche Taycan

World Urban Car – Kia Soul EV

 

Kia Telluride

Победничкиот модел на Kia, го носи името на град во американската сојузна држава Колорадо и е најголемиот модел досега понуден од јужнокорејскиот производител на автомобили на тој пазар, каде воедно и се произведува. Според достапните податоци, во 2019 година се продадени над 58.000 единици. Интересно, Kia Telluride и Kia Soul EV се првите корејски модели добитници на награди во овој избор Исто така, интересно е да се напомене дека автомобилската јавност изрази сомнеж за валидноста на наградата со оглед на тоа што победничкиот автомобил не е достапен на другите светски пазари што не е во согласност со прописите.

Претходни добитници на наградите:

2019 – Jaguar I-PACE
2018 – Volvo XC60
2017 – Jaguar F-PACE
2016 – Mazda MX-5
2015 – Mercedes-Benz C-Class
2014 – Audi A3
2013 – Volkswagen Golf
2012 – Volkswagen UP!
2011 – Nissan LEAF
2010 – Volkswagen Polo
2009 – Volkswagen Golf 7
2008 – Mazda2
2007 – Lexus LS460
2006 – BMW 3-Series
2005 – Audi A6