Renault дизајнирал електричен концепт во стилот на „трансформерс“

Имено, овој автомобил може физички да се прошири, а може да ја прошири и автономијата, во зависност од потребите на корисникот. Токму затоа и името Morphoz. За градски цели може да користи „кратката“ форма, за подолги патувања „продолжената“.

Покрај целосно електричниот погон базиран на споделување батерии, овој автомобил поседува ниво 3 на автономно возење и паметен систем подржан од страна на вештачка интелигенција, која му овозможува возилото да го препознае својот газда кога се приближува кон него.

Градската верзија е долга 4,4 метри, додека меѓуоскиното растојание е 2,73 метри. Батеријата е 40 kWh и обезбедува автономија до 400 километри.

Кога е во режим на „патување“, автомобилот се издолжува до 4,8 метри, со меѓуоскино растојание од 2,93 метри, со дополнителен простор за нозете на патниците и простор за складирање на уште два куфери. Во овој мод, може да се додаде уште батерија од 50 kWh, што значи дека комбинираниот капацитет е 90 kWh. На овој начин, автономијата се проширува до 700 километри.

Автомобилот е дизајниран за проширување на автономијата на однапред одредена станица, каде се чуваат батерии за споделување. Кога возачот ќе пристигне на неговата дестинација, тој може да застане на станицата и да ги врати дополнителните батерии, враќајќи го автомобилот во верзија од 40 kWh и конфигурација на каросеријата „градски“.

ВО станицата батериите повторно ќе бидат наполнети за потребите на друго возило. Во меѓувреме, тие ќе се користат за складирање на електрична енергија од обновливи извори или за напојување на станици за изнајмување на скутери и улично осветлување.

Кога автомобилот не работи, неговите батерии би можеле да се користат за напојување во домаќинството, па дури и на локално подрачје преку паметни уреди за полнење и двонасочна технологија „Vehicles to grid“.

Вештачката интелигенција се користи и за обработка на податоци во реално време со помош на надворешни сензори и камери, кои ги заменуваат конвенционалните ретровизори, за откривање на присуство на пешаци или велосипедисти близу возилото или во „слепата точка“.

Внатре во автомобилот, подигната (дрвена) конзола се протега на средина од салонот и служи како „мозок“ на возилото. Вклучува и држач за паметен телефон, кој служи како главен извор на податоци.

Управувачот со вграден екран од 10,2 инчи, обезбедува основни информации за возењето и безбедноста. 

Ако возачот поврзе ја вештачката интелигенција со паметен телефон, тогаш таа може да користи податоци и информации од телефонот за да извршува персонализирани задачи, како што се создавање музички листи за репродукција или препорачување на популарни дестинации.

Овој „интелигентен“ асистент може да се контролира со допирање на екранот и конзолата, гестови или гласовно.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1bEGAyP3rvsTsVHddRp7VkK3QJ3xZ9iCW” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]