Renault им пркоси на Трамп и неговите санкции!
Францускиот производител Renault ќе остане присутен на иранскиот пазар и покрај новите американски санкции против оваа земја
Првите луѓе на Renault одлучиле да преземат мерки за да избегнат потенцијални казни за прекршување на санкциите, но нема да го напуштат Иран
„Нема да го напуштиме, иако ќе треба многу да го намалиме капацитетот. Кога повторно ќе се отвори пазарот, фактот дека сме останале сигурно ќе ни донесе предност“, вели првиот човек на Алијансата Renault-Nissan, Карлос Госн.
Американскиот претседател Доналд Трамп во мај објави дека се откажува од договорот од 2015 година кога светските сили му понудија на Техеран намалување на санкциите за прекин на нуклеарната програма. Ова значи враќање на санкциите на САД против Исламската Република Иран што значи казни за меѓународните компании кои нема да ја напуштат земјата во рок од 90-180 дена од денот на нивното влегување во сила.
Покрај Renault, тука се и најголемиот производител на авиони Boing, францускиот енергетски гигант Total, данскиот бродоградител Maersk, кој го најави своето повлекување, а производителот на спортска опрема Nike го запре снабдувањето на Иранскиот национален фудбалски тим со копачки пред Светското првенство.
Францускиот ривал на Renault, групата PSA составена од Peugeot и Citroen, исто така, се повлекоа. Renault минатата година продаде 3,76 милиони автомобили, од кои 160.000 се продадени во Иран.
„Имаме иднина во Иран. Ние нема да ги загрозиме интересите на Renault, внимателно ќе ја следиме состојбата за нашето присуство во Иран да не предизвика директни или индиректни репресивни мерки од страна на американската влада“, додава Гон.
Renault го напушти американскиот пазар во текот на 1980-тите години и оттогаш не продава возила во таа земја.