Renault Russia ќе ги пренесе сите свои акции на градот Москва, а акциите на AvotVaz на рускиот институт за истражување и развој на возила

По нападот на Русија врз Украина, светот се менува, а довчерашните партнери се принудени да го откажат бизнисот во Русија. Еден од нив е и Renault. Францускиот производител на автомобили ја затвори својата фабрика во близина на Москва и одлучи да се повлече од AvtoVaz, компанијата која ја произведува Lada. Во AvtoVaz, Renault поседува 67,69 проценти и имаше големи планови со Lada, која требаше да го нападне европскиот пазар со нови модели. Се подготвуваше и нова Niva која на пазарот требаше да се појави за две години.

Renault сега ги објави условите под кои ќе се откаже од својот удел во руската компанија. Сите нејзини акции во Renault Russia ќе бидат префрлени на градот Москва, а акциите на AvotVaz на Рускиот институт за истражување и развој на возила (NAMI). Во договорот има клаузула дека во следните шест години Renault може да ги откупи акциите.

Сите овие операции на Renault во Русија беа профитабилни со години и на француската компанија и носеа околу 200 милиони евра чиста заработка.