Renault Clio е најпродаваниот автомобил во Европа за месец ноември!
Францускиот хечбек бил најпопуларниот модел на европскиот пазар во текот на месец ноември
Jato Dynamics објави дека минатиот месец на Стариот континент или барем најголемиот дел биле регистрирани 855.281 нови автомобили, што е намалување за 18 отсто во однос на истиот месец лани.
На листата на најпродавани доминираат возила од Renault Group и Stellantis. На чело на колоната е Renault Clio со 16.353 (-13%) испорачани единици во ноември, оставајќи ja зад себе роднината од Романија – Dacia.
Sandero броел до 16.263 продадени автомобили минатиот месец, што е за 6% повеќе споредбено со истиот период минатата година. За да целото биде се, тука е Peugeot 208 на третото место со испорачани 16.261 примероци и минус од 6% во однос на претходната година.
Она што лесно може да се заклучи на прв поглед е фактот дека возилата од Б сегментот, како стандардните така и SUV класата, убедливо доминираат на пазарот. Дополнително, вреди да се напомене дека само еден германски автомобил успеал да се најде меѓу десетте најдобро пласирани, што е речиси без преседан.
Одлични резултати бележи и „сиромашната“ Dacia, која е позиционирана на две места во Топ 10 бестселери, од кои Sandero е на фантастична втора позиција.