![Renault би можел да го замени Megane со електричен модел](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/04/Renault-Megane-2020-1600-01.jpg)
Renault би можел да го замени Megane со електричен модел
Сопственици на Megane RS, уживајте во вашиот миленик на четити тркала, бидејќи постои можност Renault да не ја лансира следната генерација
За да направите RS, прво мора да имате стандарден Megane. Се разбира, станува збор за популарниот хеџбек со оптимален квалитет, што значи дека го краси цврст квалитет на градба, добра економија и разумна цена. Сепак, поради некоја причина, клиентите не се премногу вљубени во сегашната генерација.
Четвртата итерација во моментот е на средина на својот животен циклус, што значи дека во меѓувреме се стекнала со богато наследство. Сепак, продажбата е помалку од половина од онаа пред десет години.
Се разбира, не станува воопшто збор за тоа дека Renault што не си ја знае својата работа. Clio е меѓу најпродаваните модели во Европа, кросоверите при врвот, додека во исто време главните конкуренти на Megane, Golf и Focus, одлично се котираат.
Првиот човек на Renault, Лоренс ван ден Акер, вели дека Megane можеби и неман дополнително да се развива, а што ќе овозможи буџетот да се пренасочи кон електрични возила.
„Неизбежно, веднаш штом ќе започнеме да додаваме електрични модели во нашето портфолио, некои возила ќе мора да бидат постепено отстранети затоа што не можеме да си дозволиме да продолжиме да ги развиваме во исто време“, објаснува тој. „Megane е во сегмент кој е под зголемен притисок. Мора да инвестирате пари таму каде што има одредена пазарна иднина “.
Францускиот претставник во Ц-сегментот штотуку помина низ процес на рестилизација, кој треба да трае до 2023 година.
Заедно со Nissan, Renault е еден од првите производители што лансираше електрични модели на автомобилскиот пазар. Меѓутоа, ако не дејствува брзо, компанијата би можела да ја изгуби битката со Volkswagen, кој инвестира огромни средства во платформата MEB.