Cupra Formentor, Polestar 2, Renault Arkana и Lexus 300e со пет ѕвезди за безбедност од EuroNCAP / ФОТО+ВИДЕО
Првите автомобили тестирани од EuroNCAP оваа година со одлични резултати
Безбедносните технологии кај новите автомобили бележат неверојатен развој во последните неколку години. Тие се следени од организации кои ја надгледуваат оваа област, како што е EuroNCAP. Имено, споменатата институција минатата година темелно ја модернизираше постапката за тестирање, што, не помалку важно, им ја отежнуваше работата на производителите за постигнување на најдобрите оценки. Но, очигледно тие сè уште немаат премногу проблеми со тоа, што го докажуваат и оваа година.
Двата купе кросовер модели, Cupra Formentor и Polestar 2 – бензин против електрична енергија, се меѓу првите тестови оваа година. Очигледно безбедноста е нешто заедничко, бидејќи и двата автомобили освоиле по пет sвездички на краш тестовите од оваа организација.
Двата автомобили постигнале најдобри резултати во однос на заштитата на возачите од почетокот на посложените тестови. Polestar постигнал 92 проценти од сите можни поени во оваа област, додека Formentor освоил уште повеќеРезултатите се одлични во повеќе области. На пример, Polestar успеал да освои најмалку 80 проценти од бодовите во сите четири категории на оценување – најмалку во областа на заштитата на пешаците, и 89 проценти од бодовите во областа на заштитата на децата.
Заштитата на децата беше исто така една од најсветлите точки за Formentor кој освоил 88 проценти од бодовите во областа и 68 проценти од бодовите во областа на заштитата на пешаците. Моделот добил 80 проценти од бодовите во областа на асистенти на возачот уште во стандардна верзија.
„Во Euro NCAP, гарантираме дека безбедноста на автомобилот не е загрозена во сегашната ситуација и убаво е да се види дека овие две марки ја ставиле безбедноста на високо место. Безбедноста е една од најважните стратешки области на која било марка, бидејќи тие знаат дека клиентите нема да толерираат намалување на стандардите“, вели Мичиел ван Ратинген, извршен директор на организацијата.
Покрај овие два модела, тестирани биле уште два автомобили, Renault Arkana (на балканот Renault Conquest и електричниот Lexus 300e. И едниот и другиот модел се засноваат на возила претставени во 2019 година. Двата автомобила се оценети со пет sвезди.