![Рекордно намалување на цените на бензините и дизелот](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2018/11/ceni-goriva.jpeg)
Рекордно намалување на цените на бензините и дизелот
Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 14,54%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 09.03.2020 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 7,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 09.03.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 56,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 6,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 09.03.2020 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 6,961 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 09.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 21,934 ден/кг.