Дилема за разрешување за новите возачи

Исто како и на човечкото тело, на моторот во возилото му треба кислород за да функционира.

Воздухот кој влегува во моторот прво мора да се прочисти од присуство на прашина и други честички што можат да ја оштетат чувствителната внатрешност на моторот. Во секој автомобил, оваа функција ја извршува токму филтерот за воздух.

Филтер за воздух

Овој филтер е сместен во затворено куќиште, близу до моторот, и осигурува воздух во моторот ослободен од сите штетни честички.

За да се задржи ефектот на овој филтер на највисоко ниво, потребно е да се замени во редовни интервали, обично на секои 10.000 км. Најевтини се класичните „хартиени филтри“, потоа доаѓаат спортските филтри како и популарните „печурки“, отворени проточни филтри за спортски мотори.

Доколку филтерот не се замени, тој станува запушен, што доведува до зголемена потрошувачка на гориво, при истовремено создавање дополнително оптоварување на моторот и генерално целиот погон во возилото.

Кабински филтер за водух (полен филтер)

Друг вид на филтер за воздух е кабинскиот филтер сместен во системот за климатизација.

Неговата улога, за разлика од филтерот за воздух, е да спречи влез на прашина, полен и нечистотии во салонот на возилото, како и издувните гасови.

Бидејќи овој филтер може да се извалка со текот на времето, и тој мора да се заменува во редовни интервали. Доколку овој филтер не се замени, низ системот за климатизација може да почне да се шири мирис на мувла, особено за време на жешките летни денови, што ќе го направи возењето многу непријатно.