Рекордни бројки: Марката не е важна, главно да е теренец
Глобалната флота на SUV модели рапидно е зголемена, од околу 50 милиони во 2010 година на околу 320 милиони во 2021 година
Глобалната продажба на SUV модели се покажа многу отпорна за време на пандемијата. Во 2020 година порасна за повеќе од 10 отсто, а сличен раст беше постигнат и минатата година кога SUV моделите зазедоа околу 45 отсто од светскиот пазар, поставувајќи нов рекорд во обем и удел на пазарот.
Според Меѓународната агенција за енергија (IEA), растот на продажбата е најсилен во САД, Индија и Европа, но во други земји, како Кина, продажбата стагнира, главно поради зголемувањето на бројот на електрични автомобили.
Сепак, огромното мнозинство на теренци (околу 98 проценти) на патиштата денес сè уште се потпираат на мотори со внатрешно согорување. Покрај тоа што се потешки, тие трошат околу 20 проценти повеќе од автомобилите со средна големина и се меѓу главните причини за зголемените емисии на јаглерод во изминатата деценија.
Само во 2021 година, глобалната флота на SUV се зголемиla за повеќе од 35 милиони, зголемувајќи ги годишните емисии за 120 милиони тони CO2.
Пред 12 години на патиштата имаше околу 50 милиони теренци, а минатата година таа бројка порасна на околу 320 милиони. Тоа е приближно колку бројката на автомобили во цела Европа.