Рекорд за Гинис: Најбрзо извозена милја со SUV на две тркала / ВИДЕО
Каскадерот Тери Грант уште еднаш ја импресионираше публиката на Goodwood Festival of Speed, бидејќи возејќи Range Rover Sport SVR на две тркала патеката ја минал за 2 минути и 24,5 секунди
Во овој подвиг Грант успеал од втор пат – во првиот го закачил потпорниот ѕид и завршил во балите со слама веднаш покрај патеката – со што официјално е во Гинисовата книга на рекорди во категоријата „Најбрзо извозена милја во автомобил кој се движи на две тркала“.
Погледнете го видеото:
Тери Грант за прв пат има учесвувано на Goodwood Festival of Speed во 2011 година, од кога датира и рекордот од 2 минути и 55 секунди во возење на две тркала. Овој резултат го има подобрено во 2015 година со возење на Nissan Juke Nismo RS.
Тогаш патеката ја минал за неверојатни 2 минути и 10 секунди, но резултатот не е забележен како официјален запис.
Во продолжение и видео од првиот обид.