Дали 755 КС се доволни за да се победи McLaren 720S?

Според сите критериуми, новата Corvette ZR1 е импресивен автомобил кој може да победи или барем да биде „рамо до рамо“ со кој било друг автомобил на патиштата.

Под капакот на моторот на новата Corvette ZR1 се наоѓа V8 агрегат со компресор и работна зафатнина од 6,2 литри, кој развива неверојатни 755 КС и 968 Nm вртежен момент. Целата моќност се испраќа на задните тркала преку осум-брзински автоматски менувач. Благодарение на тоа, Corvette ZR1 од 0 до 96 km/h забрзува за само 2,8 секунди и достигнува максимална брзина од 341 km/h.

Од другата страна се наоѓа McLaren 720S, автомобил кој на правец е побрз од Porsche 911 Turbo. McLaren 720S е толку брз што постигнува перформанси блиску до оние кои ги постигнуваат хипер автомобилите. Неговата аеродинамика е феноменална, а автомобилот е уште полесен за управување, ако се движи со голема брзина. Се верува дека има поголема моќ отколку што е напишано во официјални информации за него.

Кој е подобар Corvette ZR1 или McLaren 720S? Погледнете во видеото.