Компанијата Lunaz е специјализирана за електрични конверзии на класични британски автомобили, а најновиот проект е луксузниот Bentley S2 Continental од 1961 година, кој е претворен во возило со нулта емисија на штетни гасови.

Станува збор за Bentley коe е меѓу најретките автомобили кои се подложени на третман за електрификација од страна на Lunaz. Компанијата вели дека ова е еден од само четирите примероци на овој специфичен модел со каросерија „James Young“.

Во тоа време, било можно да се купи шасија од производител на автомобили, а потоа да се транспортира до производител на каросерии, а во овој случај, Џ„James Young“ за Bentley произвел истакнати калници и кабина со две врати. Погонот бил доверен на 6.2-литарски V8 мотор поврзан со автоматски менувач.

Lunaz се ослободил од V8 моторот и поставил електричен погон кој испорачува 400 КС и 719 Nm вртежен момент. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 6,9 секунди.

Покрај новата погонска група, Lunaz има инсталирано потполно прилагодлива суспензија со спирални пружини, а возачот може да ги конфигурира поставките од кабината. Што се однесува до сопирачките, сега има сопирачки клешти со шест клипови напред, однсоно четири назад.

Lunaz целосно ги реставрира автомобилите, ги расклпува до последната завртка, а потоа по реставрацијата следи склопување. Во внатрешноста има дополнителни одржливи материјали како тапацир од регенерирани најлонски влакна и кожа, а украсена е и со сертифицирани дрвени фурнири.

Во 2021 година, Lunaz го електрифицираше Bentley S2 Continental Flying Spur од 1961 година, а овој автомобил има каросерија со четири врати потпишана од H.J.Mulliner. Основната цена беше 350.000 фунти.

Минатата година, Lunaz претстави пар класични Land Rover Range Rover модели со електричен погон. Едниот беше инспириран од теренецот од филмот „Octopussy (1983)“ за британскиот агент Џејмс Бонд, додека другиот беше Town модел со продолжено меѓуоскино растојание. Овој модел беше опремен со звучен систем од 1.300 W, држачи за чаши со греење и ладење, безжичен полнач и слично.