Редизајниран големиот седан ЕЅ на Lexus. Има понапредни технологии и поинаков ентериер / ФОТО
Централната конзола на автомобилот е преработена, а најважната вест е што веќе нема Touchpad, решение од кое Lexus се откажува
Lexus темелно го редизајнираше својот седан од горната средна класа. Иако однадвор не се видливи некои големи промени, внатрешноста е темелно променета, а автомобилот добил и некои нови технички решенија за да го подигне искуството во внатрешноста и удобноста на повисоко ниво.
Така, ES добил нов инфозабавен систем кој нуди повеќе функции, работи побрзо и се ракува многу поинтуитивно. Тука се и новата онлајн навигација, подобрено препознавање на гласовните команди и безжичниот Apple Car Play систем. Навигацијата сега обезбедува информации во реално време за условите на патот, а гласовните команди активирани со „Hey Lexus“ разбираат помалку формални команди, како што е „ладно ми е“.
Модулот за пренос на податоци исто така е подобрен, а ES сега може да го користи системот e-Care за далечинско дијагностицирање на возилото и апликацијата за мобилни телефони Lexus Link, која може да се користи за далечинско управување со некои од функциите на автомобилот.
Централната конзола на автомобилот е преработена, а најважната вест е што веќе нема Touchpad, не премногу практично решение од кое Lexus сега се откажува. Наместо тоа, инфозабавата се контролира со екран на допир.
Нов е и променетиот опционален пакет опрема ES F Sport Design, кој носи специјални бандажи од 19 инчи, други украси и значки F Sport Design на автомобилот.
Што се однесува до погонот, нема промени. Моделот ќе продолжи да се нуди само како хибридна верзија – ES 300h, која комбинира 2,5-литарски бензински мотор и еден електричен мотор. Системската моќност е 218 КС.
Производството на редизајнираниот ES ќе започне во август, а цените не се прецизирани.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1jJEyrGBOMPHDIW7npjuXK8drjhGnfDMi” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]