Red Bull ќе биде казнет за надминување на дозволениот буџет!
FIA на својата официјална веб-страница објави дека анализата на податоците добиени од тимот покажала дека Red Bull го надминал дозволениот „budget cup“ и ќе добие казна во се уште непозната форма
После неколку недели шпекулации и разни медиумски нагаѓања, конечно се познати резултатите од анализата на FIA, а освен Red Bull сертификат не добиле и тимовите на Aston Martin и Williams поради „процедурални грешки“.
За Williams тоа веќе беше познато и заработи финансиска казна, па истото се очекува и за Aston Martin. Сепак, за Red Bull може да се очекува построга казна, која може да опфати и одземање на бодовите во генералниот пласман за возачи и конструктори за минатата сезона.
Важно е да се нагласи дека Red Bull направил таканаречен „Minor overspend breach“ што би значело дека не го надминале буџетот до 5% од буџетската граница и поради тоа сепак може да заработат нешто полесна казна.
„Истакнуваме дека сме изненадени и разочарани што FIA најде „мали прекршоци во финансиската регулација“. Нашиот извештај од 2021 година беше под Budget Cup, така да ќе треба внимателно да ги прегледаме откритијата на FIA бидејќи сме уверени дека сите трошоци се под границата на лимитот за 2021 година.
И покрај шпекулациите и позиционирањето на другите, останува процесот на FIA кој ќе го следиме со почитување додека ги разгледуваме сите опции кои ни се нудат“, велат од Red Bull.
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) October 10, 2022