Рaководството на Alfа Romeo најавува голема пазарна офанзива
Раководството на брендот од северот на Италија има големи амбиции
Според зборовите на првиот човек на Alfа Romeo, Жан-Филип Импарато, овој бренд ќе претставува новитети на годишно ниво во наредните години.
Така, секоја година до 2026 година ќе се лансира целосно нов автомобил, а „нападот“ треба да започне со долго очекуваниот Tonale. Моделот Tonale ќе биде претставен во сериска верзија во првиот квартал од следната година, а потоа ќе дебитира и кросоверот на Alfa Romeo од Б сегментот, во концептно издание.
„Потребен ни е модел во Б сегментот. Таа класа е исклучително популарна во Европа и тоа е важна ниша за нас“, вели Импарато, оправдувајќи ја одлуката за враќање на Alfa во сферата на субкомпакти што ја остави со заминувањето на хечбекот МиТо.
Овој градски кросовер ќе биде и првиот електричен автомобил на италијанскиот производител и ќе се базира на CMP платформата на поранешната групација PSA. Покрај тоа, Импарато потврдува дека од 2027 година, Alfa Romeo ќе составува исклучиво EV модели.
Извршниот директор на Alfа Romeo ја нагласува и желбата да се воспостави далеку подобра продажба на тој бренд е во Северна Америка, пред се во Соединетите држави. Како планираат да го направат тоа засега е непознато.
Покрај тоа, Импарато потврдува дека платформата Giorgiо ќе биде пензионирана наскоро. Многу бизарна одлука затоа што се инвестирани многу пари во оваа многу талентирана архитектура, но новото раководство не гледа иднина. Наместо таа платформа, ќе се користи STLA Large архитектурата, која ќе биде основа за идните модели од D и повисоките сегменти…