Несреќата се случила во понеделникот, денот кога патеката е отворена за јавноста

Таканаречениот touristenfahrten е германски збор за денот кога можете да влезете во Нирбургринг со вашето возило плаќајќи билет во вредност од 25 евра и да извозите круг по познатата патека. Токму во тие денови, ова место стана место за состанување на некои љубители на брзината од речиси целиот свет, па затоа и несреќите не се ретка појава.

А како дошло до несреќата? Porsche 911 GT3 кое се наоѓало на патеката некаде ја оштетило шасијата и возачот забележал дека зад автомобилот има „трага од течност“, па го запрел своето Porsche надвор од патеката и ја повикал свлечната служба од патеката.

Несреќата се случила кога возачот на друг автомобил – Mazda МХ -5 изгубил контрола и удрил во влечното возило. Mazda-та се запалила, а возачот за жал настрадал.

Поради огромната гужва на патеката што се создала, имало неколку несреќи и благи судири, а вкупно уште седум лица се повредени.

Патем, целата несреќа се случил само еден свиок пред делницата Нирбургринг, која засекогаш ќе биде обележана со огнената несреќа на покојниот шампион во Formula 1 – Ники Лауда во 1976 година.