Финецот викендов ќе сруши рекорд на Баричело

Кими Раиконен ќе ја искористи опцијаta да го продолжи договорот за една сезона и ќе остане во Alfa Romeo и следната година. Во оваа фаза, информациjата сеуште не е официјална, но според Motorsport.com иднината на светскиот шампион од 2007 година во Formula 1 е загарантирана.

За разлика од Раиконен, иднината на неговиот сегашен тимски колега Антонио Џовинаци е под знак прашалник. Италијанецот најверојатно ќе му го отстапи своето место на Мик Шумахер, кој ќе му се придружи на тимот на Alfa Romeo на првиот слободен тренинг за Гран при на Ајфел овој викенд на Нирбургринг.

Претстојниот тркачки викенд е посебен за Alfa Romeo не само поради појавата на синот на Михаел Шумахер, туку и поради рекордот кој ќе го сруши Кими Раиконен. Финецот во недела ќе го оствари 323 старт во Formula 1, а со тоа ќе избие на вечната листа на возачи со најмногу стартови пред досегашниот лидер Рубенс Баричело.

Loading...