Puma е новиот адут на Ford на македонскиот пазар
Новиот адут на Ford во кросовер сегментот достапен за македонските купувачи
Новиот кросовер модел на Ford, моделот Puma, пристигна во продажниот салон на македонскиот импортер Ми-да Гранд Моторс.
Ford Puma некогаш беше мало купе со преден погон, но оваа денешна современа верзија доаѓа во поинаква форма. Сè уште е мал и интелигентно дизајниран компакт, но во кросовер класата.
Врската со Fiesta е очигледна. Со овој модел ја споделува платформата, некои карактеристики на дизајнот. Сепак, за разлика од Fiesta, покрај повисокиот клиренс, се истакнува и поголемиот капацитет на просторот за багаж од 456 литри, што е една и од главните карактеристики на овој модел.
Понудата за Ford Puma во Македонија стартува од 22.500 евра. Оваа цена се однесува на основниот модел и стандарден Titanum пакет на опрема. Под капакот на моторот се наоѓа 1.0-литарски 3-цилиндерски EcoBoost мотор со 125 КС. Изненадувањето од Ми-да Гранд Моторс за старт на продажбата доаѓа во вид на дополнителна опрема кон стандардниот пакет како Lucid Red металик боја, автоматска клима, сензор за дожд, електрохроматски самозатемнувачки ретровизор, Driver Assistance Pack (BLIS – систем за детекција на возило во мртов агол, CTA – систем за детекција на возила при движење наназад, автоматско кочење, адаптивен темпомат, предни паркинг сензори и задна камера за АКЦИСКА цена од 22.600 евра.
Генерално, Ford Puma пристигнува со голем број на нови технологии и системи за асистенција на возачот (Pre Collision Assist with Post Impact Braking – систем за предупредување и спречување на преден судар, Lane Keeping Aid & Lane Depature Warning – систем за предупредување и спречување на несакано напуштање на коловозна лента, систем за препознавање на сообраќајни знаци за ограничување на брзината…), со LED Projector предни и LED задни светла, а во внатрешноста со два дигитални екрани, едниот со големина од 4.2-инчи за инструмент таблата и вториот од 8.0-инчи чувствителен на допир како дел од инфо-забавниот систем (Ice Pack 6: навигација, радио, SYNC3, 7 звучници), безжичен полнач за телефон, амбиентално светло…
Во зависност од нивото на опременост, според стандардниот ценовник, новата Ford Puma во нашата држава ќе може да се купи за цена од 22.500 до 28.700, колку што изнесува најскапата верзија на новиот кросовер на Ford (l.0L Ecoboost mHEV l55KC M6 со ST-Line X пакет на опрема).
За повеќе информации можете да се обратите во продажниот салон на Ми-Да Гранд Моторс, официјалниот застапник за Ford во нашата држава.
[useyourdrive dir=”10yeViEM0qz0WLXY4raIdv3gIhL7YNvK-” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]