Јужнокорејскиот автомобилски гигант Hyundai го престави и третиот член од семејството N. По i30 N и Veloster N, пристигнува и i30 Fastback N

Моделот на Hyundai претставува прво hot-coupe со пет врати во сегментот.

Моделот I30 Fastback N го усвоил агресивниот дизајн од својот претходник, но со поинаков стил на каросеријата се овозможува полесна употреба секој ден.

Перформансите на i30 Fastback N не се намалени, туку како и претходните два модели доаѓа во две варијанти со 2.0-литарски турбополнач од 246 и 271 КС, заедно со опционалниот пакет Parformance Package.

Во зависност од тоа дали го имате овој пакет, i30 Fastback N има максимален вртежен момент од 353 Nm или 378 Nm. Моќта на предната оска се пренесува исклучиво преку рачен менувач со шест точки.

Додека основната верзија на Fastback забрзува од 0-100 km/h за 6,4 секунди, на помочната и се потребни 6,1 секунди, а двете имаат максимална брзина од 250 km/h.

Користејќи ги копчињата на воланот, возачот може да избира меѓу петте режими на возење: Eco, Normal, Spot, N и N Custom.

При избор на N-режимот, на екранот се нуди дополнителна опција за прилагодување на моторот, гаста и издувот, а преку неа се пристапува и до опцијата Performance Package.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1AFY8KVKWbwYaLLuPJe68tVp3K32Ypa4l” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ previewinline=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Hyundai i30 Fastback N за прв пат пред публика ќе биде преставен на салонот за автомобили во Париз следната недела.

https://www.youtube.com/watch?v=TCEAOdyze4k

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=vjZxV0eo1Ak