Прво освежување за Серија 8 на BMW: Клучните елементи се светлечките „бубрези“ и поголемиот мултимедијален екран
Со оглед дека последната генерација на BMW Серија 8 беше претставена во 2018 година, оваа година е вистинското време за освежување
Обемот и длабочината на имплементираните промени кај верзиите Coupe, Cabriolet и Gran Coupe на Серија 8 не се такви што луѓето лесно ќе ги препознаат, но на новитетот се додадени некои нови технолошки решенија од новото време, како и одредени промени во опремата… Така, отсега сите примероци од оваа производна линија ќе излегуваат од фабрика стандардно опремени со пакет опрема, која главно вклучува додатоци за каросеријата и која се нарекува M Sport.
Тоа значи поприлагоден дизајн на предниот, страничниот и задниот дел од школката со аеродинамички параметри обоени во иста нијанса како и каросеријата. Отсега ќе може да се добие нов примерок од Серијата 8 со четири нови бои на каросеријата. Кога сме кај промените на каросеријата, да кажеме дека тие подразбираат малку поголеми доводи за воздух на предниот браник, кои дополнително се спуштаат малку пониско.
На задниот крај на новитетот е поставен нов дифузер, односно уметок кој е обоен во металик боја именувана по темната нијанса (Dark Shadow), додека карактеристично стилизираните тркала со потпис M и дијаметар од 20 инчи, го покриваат системот за сопирање со сини клешти. Новата осумка носи и позадинско осветлување на решетката на ладилникот, во ист стил како што се применува кај другите престижни модели на компанијата. Овој детал се добива по изборот на пакетот со дополнителни гаџети наречен „Iconic Glow“.
Во внатрешноста, најголемата промена заменетиот 10.25-инчен дисплеј од инфо забавниот систем со нов 12.3-инчен Live Cockpit Professional дисплеј. Нивото на луксуз во салонот дополнително се подига со особено квалитетната Мерино кожа.
Во медиумите од Островот се наоѓаат информации дека стандардната опрема на Серија 8 што се нуди таму ќе вклучува пакет артикли со опција за стартување без клуч, технолошки пакет М, греење на седиштата, системи за помош на возачот, музички уред Harman Kardon, Нead-Up дисплеј, контрола со гестови, адаптивна суспензија, спортски издувни издувни цевки и тризонска климатизација.
Клиентите кои ќе се одлучат за пакетот M Sport Pro при конфигурирање на новото лимено милениче ќе бидат воодушевени, повторно со 20-инчни тркала со различен стил и поголеми дискови на сопирачките, трим на каросеријата наречен Shadowline, безбедносни појаси во М дизајн, како и Visibility и Technology Plus пакети. Дополнително, последниот пакет вклучува феноменални ласерски светла и системи за помош на возачот од следна генерација.
Изборот на пакетот Ultimate носи цел сет на додатоци, вклучително и погон на задните тркала, но само за модификации со налепницата 840i. Сите верзии од Серија 8 доаѓаат со покрив направен од пластика засилена со јаглеродни влакна. Се разбира, освен кабриолетот.
Верзиите Coupe, Convertible и Gran Coupe може да се нарачаат со избор помеѓу два погонски агрегати, заедно со неизбежната варијанта M8 Competition. Палетата ја отвора алтернативата 840i, која се потпира на линиски 3.0-литарски турбо бензинец со 340 коњски сили и 500 Nm максимален вртежен момент. Штетните емисии на јаглерод диоксид од оваа верзија, инаку важни во земјите со еколошки ориентиран политички врв, се движат од 186 g/km до 207 g/km, во зависност од каросеријата.
По основното издание, се нуди и верзија на M850i xDrive со 530 коњски сили со 750 Nm максимален вртежен момент од 4.4-литарски битурбо мотор кој согорува бензин. Тој е во V8 конфигурација и го катапултира купето од место до „стотка“ за 3,8 секунди. Кај сите модели трансмисијата е осумстепен автоматик.
BMW го нагласува отсуството на планови за вградување други мотори, освен овие два, што значи дека веќе нема да гледаме дизел во Серија 8.
[useyourdrive dir=”1HSKlUlBHj1sZCgcKgekYKOdF0C1DADkc” maxheight=”4880px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Цената (во Британија) започнува од 86,3 илјади евра за поевтиниот 840i Gran Coupe, 840i стартува со цена од 89,3 илјади евра, додека кабриолетот со почетна цена од 97,7 илјади евра.
Испораките на новодојдените ќе започнат во март.