Првиот слободен тренинг во Азербејџан заврши во рекордно време. Џорџ Расел (Williams) возеше на патеката кога една шахта го лансираше во воздух, предизвикувајќи значително оштетување на неговиот автомобил

Сесијата првично беше одложена на одредено време, за откако камионот што го пренесуваше болидот на Williams удри во мост на патеката и дополнително ја влоши ситуацијата, одговорните да одлучат тренингот да биде целосно стопиран.

„Само возевев во нормална линија и одеднаш го почувствував најголемиот удар во телото во мојот живот“, изјави Расел.

Шефот на Williams, Клер Вилијамс, беше бесен поради инцидентот.

„Ова е неприфатливо. Ова е нешто што не го очекувате на патека каде што се вози Formula 1. Ова е градска трка, а шахтите треба да бидат прицврстени во бетонот и не треба да создаваат проблеми. Ќе зборуваме за ова со контролорите на трката“, вели Вилијамс.

Сите тимови, освен Mercedes, претходно имаа извозено барем воведен круг, а само двајца имаа поставено и времиња – Чарлс Леклерк (1: 47.597) и Себастијан Фетел, кој беше две секунди побавен.