Следната генерација на популарниот теренец ќе биде претставена во јули во Јужна Кореја

Sportage е еден од столбовите на Kia на глобално ниво, а така е и во Европа. Kia го произведува Sportage во својата фабрика во Словачка, што многу зборува за тоа колку за брендот е важен за успех на Стариот континент.

Она што можеме да се види на овие први тизер фотографии, но и на претходните папарацо фотки е дека новата генерација на Sportage ќе биде значително поразлична од нејзините претходници. На предната страна гледаме темна решетка и интересна предна светлосна групација со особено истакнати LED светлосни потписи.

Страничниот поглед не открива многу, но јасно е дека Kia го следела трендот на наклонет покрив за SUV моделите што не е добро во однос на просторот во внатрешноста на возилото. Позади доминираат исто така интригирачки светла и се чини дека светлосната група ќе биде поврзана со голема LED-лента, така што сè ќе формира една целина. Тука е и суптилниот спојлер на покривот.

Фотографијата од ентериерот означува голем закривен екран каде што се наоѓа и виртуелната инструмент табла, како и сегментот за контрола на инфо-забавниот систем, сите моделирани според електричниот EV6.

Сè на сè, многу поразлично од она што можеше досега да се види кај Sportage. Очигледно, Kia сакала радикална промена со новата генерација, барем кога станува збор за стилот. Ова го потврдува и Карим Хабиб, шефот на дизајн на јужнокорејската марка.

„Со идната генерација на Sportage, ние не сакавме да направиме чекор напред, туку да преминеме на сосема ново ниво во SUV сегментот“, вели Карим Хабиб.

Сепак, за европската верзија ќе мора да почекаме уште малку. Најавената премиера е за глобалниот модел, а оној со европски спецификации ќе биде прикажан дури во септември.