Во Македонија започнува продажбата на првата електрична Toyota BZ4X. Првите две букви во името ја означуваат новата насока на јапонскиот бренд „Beyond Zero“, а бројот и последната буква го именуваат конкретниот модел

Ова е првиот модел од низата на модели од новата производствена програма „Beyond Zero“ во рамките на која сите модели на Toyota во Западна Европа ќе имаат нула емисија на CO2 до 2035 година. 

Ова е првиот модел што Toyota го развива целосно како BEV, но исто така и првиот модел што ја користи новата платформа eTNGA на компанијата која е посветена на чисто електрични возила. Врз основа на филозофијата на eTNGA (Toyota New Global Architecture), батеријата се вградува како составен дел на шасијата, под подот на возилото. Ова носи повеќекратни придобивки, вклучително и низок центар на гравитација, одлична рамнотежа на предната и задната оска и висока цврстина на каросеријата. Сето тоа дава позитивен придонес за безбедноста, возењето и управувањето. 

Дизајнот на моделот вклучува аеродинамички елементи кои управуваат со протокот на воздух над и под возилото и придонесуваат за досегот на возење. Тие вклучуваат отвори на предниот браник, кои придонесуваат да се создадат мазни воздушни завеси. Тенката долна решетка има затворач што се прилагодува се со цел да го канализира протокот на воздух за ладење на батеријата, а воедно помага и да се намали отпорноста на ветерот.

Долгото меѓуоскино растојание овозможува пространа, отворена и удобна кабина со пет седишта кој потсетува на пријатен амбиент на дневна соба. Инструмент таблата е ниско поставена, што го зголемува чувството на отвореност и видливост на возачот. Принципот “рацете на воланот, очите на патот” е поддржан од дизајнот на кабината насочена кон возачот во која 7″ ТFТ екран е сместен директно во предната линија на возачот, над линијата на воланот. 

Простор за нозете е водечки во класата, за сите патници. Багажниот простор има капацитет до 452 1 со исправени задни седишта.

Моделот bZ4X ја користи најновата, помоќна мултимедијална платформа на Toyota со интуитивен екран на допир од 12″, овозможувајќи пристап до навигација базирана на облак. (cloud) која овозможува планирање на патувањето, како и пренесување на најновите информации за сообраќајот и паркирањето. Исто така, обезбедува информации специфични за BEV, како што се досегот на возење, поддршка за возење и детали за станицата за полнење. 

Возачот може да комуницира со возилото преку контролите на допир и гласовни команди. Функцијата за препознавање на гласовни команди вклучува опции кој може да ги активира функциите на возилото, како што се прилагодување на климатизацијата или отворање/затворање на прозорците, вклучувајќи и мултимедијални услуги како аудио и навигација.

Изведбата со погон на предните тркала на bZ4X се напојува со помош на електричен мотор од 150 kW. Тој испорачува 204 DIN КС и 265 Nm вртежен момент, овозможувајќи забрзување од 0-100 km/h за само 8,4 секунди и максимална брзина од 160 km/h. Моделот со погон на сите тркала има максимална моќност од 217,5 DIN КС со 336 Nm вртежен момент; максималната брзина е непроменета, додека забрзувањето до 100 km/h е намалено на 7,7 секунди. 

Системот нуди опција за „Single pedal drive” со кој се засилува регенерацијата на енергијата при сопирање што му овозможува на возачот да го забрза и забави возилото користејќи ја само педалата за гас. 

Toyota го искористи повеќе од 25-годишното искуство во технологијата за електрифицирани возила се со цел да се осигура дека новата литиум-јонска батерија во bZ4X има светски квалитет, издржливост и доверливост. Ваквата доверба во технологијата се рефлектира во програмата за продолжена грижа, која гарантира дека батеријата се уште ќе работи со минимум 90% од нејзиниот оригинален капацитет, по изминати најмногу 10 години или поминати 240.000km, под услов клиентот да го носи своето возило во овластен Toyota сервисен центар за годишна проверка на состојбата.

Батеријата има капацитет од 71,4 kWh и се очекува да овозможи досег на возење повеќе од 450 km (применувајќи ги параметрите за тестирање WLTP).

Батеријата може брзо да се полни без да се загрози безбедноста или рокот на траење: полнење од 80% може да се постигне за околу 30 минути со систем за брзо полнење од 150 kW (ССЅ2).

Стандардниот AC полнач има моќност од 6,6 kW, а дополнително ќе биде понуден трифазен со моќност од 11 kW, додека листата на опции вклучува соларен покрив, чија акумулирана топлинска енергија во случај на сончев ден може да го продолжи опсегот до 11,7 километри.

Toyota BZ4X тежи од 1.895 до 2.065 килограми во зависност од варијантата, а досегот со едно полнење на батеријата е од 411 km во варијантата 4×4 до многу добри 516 километри во верзијата со погон на предните тркала.

Инженерите на Тојота тврдат дека bZ4X го има најдобриот систем 4×4 во класата на електрични возила, поддржан од системи кои помагаат за искачување и спуштање по поекстремни падини, а батеријата е целосно заштитена од продор на вода.

[useyourdrive dir=”1e4xLZEvhP8VbIhFM_YuuoVthIjUmnePZ” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Автомобилот веќе може да се види во продажниот салон на Тојота Авто Центар со пет пакети на опрема, а цените започнуваат од 50.990 евра за варијантата со погон на предните тркала (Comfort пакет на опрема) до 62.990 евра со погон 4×4 (Luxury Premium пакет на опрема).