Во 2018 година, Volkswagen го покажа својот електричен ID. Vizzion концепт, за кој во меѓувреме е потврдено дека ќе добие сериска верзија.

Volkswagen на почетокот на годинава веќе објави дека продажбата на серискиот модел ќе стартува следната година, а сега како најава е прикажано ново концептно издание, наречено ID. Аеро Concept.

Возилото се карактеризира, меѓу другото, со тркала од 22 инчи, предни LED Matrix светла и коефициент на отпорност на воздух од 0,23. ID. Aero ќе биде изграден на MEB платформата на Volkswagen за електрични возила, при што автономијата со батерии од 77 kWh ќе изнесува 620 km.

Иако ова се уште не е официјално потврдено, во понудата најверојатно ќе има основна верзија со погон на задните тркала и еден електричен мотор, како и помоќна варијанта со два електромотори и погон на сите тркала.

Дополнително, се најавува модерен, простран и променлив ентериер (слики за сега нема).

Серискиот Volkswagen ID. Aero првично ќе се продава во Кина од втората половина на 2023 година, но во истата година ќе пристигнат и варијантите за Европа и Северна Америка. Точниот датум на оваа последна верзија сè уште не е објавен, но познато е дека овој ривал на Model 3 на Tesla ќе се произведува во фабриката на Volkswagen во Емден.