Прв во историјата: Премиера за BMW M3 Touring! / ФОТО+ВИДЕО
Намалената побарувачка за седани во Европа и Јапонија го принуди BMW да го претстави првиот во својата историја М3 во караван верзија
BMW на светот му го претстави еден од најбрзите и најпосакуваните каравани на денешницата. Новиот M3 Touring има багажник од 500 до 1.510 литри. Оваа информација некако сама по себе се наметнува како прва од едноставна причина – зошто некој би купил М3 во караван верзија, ако не поради багажникот и практичноста.
Намалената побарувачка за седани во Европа и Јапонија го принуди BMW да го претстави првиот во својата историја М3 во караван верзија. Исклучително привлечниот и агресивен караван нема многу врска со класичниот BMW Серија 3 Touring, но ниту со „обичниот М3“. Со цел да ги собере сите компоненти на М3, автомобилот е проширен за дури 76 милиметри во споредба со класичниот „тројка караван“, а дизајнерските разлики на задниот дел го принудиле BMW да најде други начини за да ја постигне саканата цврстина на каросеријата.
Во однос на дизајнот, ова е типичен М3, само караван. Агресивен, полн со спортски додатоци кои јасно го оддалечуваат од „цивилниот Model 3 Touring“. Посебно импресивен е задниот дел со четири огромни издувни цевки кои штрчат од преголемиот дифузор.
Автомобилот е долг 479 cm, широк 190 cm и висок 144 cm. Меѓуоскиното растојание е 286 cm, а тежината е 1.865 килограми, што е за стотина килограми повеќе од седанот М3. Затоа M3 Touring добил редизајнирана суспензија, односно редизајнирани прилагодливи амортизери кои се прилагодени на поголема тежина. Остатокот од суспензијата е идентичен со M3 / M4.
Новиот M3 Touring ќе се нуди исклучиво како верзија Competition. Тоа значи дека нема да има послаба верзија со 480 КС, туку во автомобилот ќе биде вграден само помоќен мотор со 510 КС. Трилитарскиот битурбо со шест цилиндри развива максимална моќност при 6.250 вртежи во минута и врти до 7.200 вртежи во минута. Максималниот вртежен момент е 650 Nm.
Забрзувањето до 100 km/h трае само 3,6 секунди, до 200 km/h M3 Touring забрзува за 12,9 секунди, а максималната брзина е ограничена на 280 km/h.
Ќе се вградува само осумстепен автоматик, а стандардно се погонот на сите тркала и електронско блокирање на задниот диференцијал. Но, забавата нема да изостане.
Погонот на сите тркала нуди различни начини на работа: 4WD, 4WD Sport во кој е можен добар „дрифт“ и 2WD во кој дрифтот е многу лесен и нема помош од ESP. Тука е и контролата за пролизгувањ која може да се постави на 10 нивоа и интересен Drift-Analyzer систем.
Голема новина во внатрешноста е големиот „супер-дисплеј“ составен од 12,3-инчни дигитални инструменти кои формираат целина со централниот дисплеј од 14,9 инчи на инфозабавниот систем. Вакво решение претходно беше воведено во iX и i4, а сега и во овој модел.
Од изобилството на додатоци, се издвојуваат ултра лесните карбон седишта кои можат да заштедат 9,6 килограми тежина.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1_hbmiELg8KxisQq–fLD5uV_aogVZjQP” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Новиот BMW M3 Competition Touring треба да биде пуштен во продажба во декември оваа година. Цената за Германија е поставена на 97.800 евра.