BMW ќе ја прошири својата М Performance понуда на модели со првиот М3 Touring во историјата, пренесува Top Gear

Првите тест прототипи на моќниот караван М3 Touring наскоро ќе започнат со патни тестови, а серискиот модел се очекува во 2022 година. M3 Touring ќе му овозможи на BMW конечно да има директен ривал на веќе добро познатиот модел RS4 Avant.

Германската компанија го најавува M3 Touring како „остварување на соништата“, автомобил кој ќе донесе „неспоредлива разновидност на модели“ во проширената М понуда. Овој модел ќе го најде своето место покрај новите М3 седан и М4 Купе, а двата модела ќе бидат претставени во септември.