Оваа година на патеките требаше да ја видиме новата генерација на тркачки болиди, но FIA ги одложи измените на правилата за 2022 година. Како и да е, конечно имаме прв увид во тоа како ќе изгледаат новите тркачи

Секако, станува збор за неколку „шпионски“ фотографии, кои ги објави на глобалната мрежа италијанскиот сајт LiveGP. Иако приказите не се сеопфатни, јасно се гледаат разликите во однос на дизајнот на сегашните болиди. 

Горниот дел на едноседот се карактеризира со помазни површини, додека страничните платформи и задното крило се карактеризираат со органски, закривени линии.

Крилото е видливо помало отколку што е во моментот, додека предниот дел се карактеризира со големи „стреласти“ површини. Двата елементи сугерираат дека FIA се подготвува за големи промени во аеродинамиката.

Ременот за пилотската кабина се чини дека е приближно ист, со „ореолот“ воведен во 2018 година, што во меѓувреме се покажа како многу важна заштитна мерка, без разлика колку тоа на некои луѓе не им се допаѓа.

Болидот кој може да се види не припаѓа на ниту еден тим. Станува збор за презентација на моделот создаден за официјалното деби, кое најверојатно ќе биде на почетокот на 2022 година.

Сигурно нема да чекаме уште шест месеци за да го видиме, но она што на овој прототип му недостасува се тркала, а тие се значајна ставка, бидејќи од 2022 година, тркалата ќе бидат многу повисоки (од 13 инчи ќе се „зголемат“ на 18)

Треба да се има на ум дека не сите F1 болиди за 2022 година ќе изгледаат идентично. Бидејќи Formula 1 не е униформна серија, тимовите ќе имаат слобода да менуваат одредени елементи за да остварат предност во аеродинамиката. Тоа е одлична работа, затоа што ќе уживаме во интересната разновидност на F1 едноседите.

РЕНДЕРИ

Во моментов е рано да се размислува за следната сезона, но осум екипи веќе го потврдија своето присуство, вклучувајќи ги Ferrari, McLaren, Williams, Red Bull Racing и Aston Martin. FIA потврди и 18 трки за 2022 година, иако точниот распоред сè уште не е познат. Инаугуративната трка ќе се одржи во Австралија, а финалето во Бразил. Следната година, за прв пат, ќе се одржи и трка за ГН на Мајами на Hard Rock Stadium Circuit во Флорида.