За разлика од седан верзијата, хечбекот ќе може да се нарачува и со 6-степен мануелен менувач

 

Редизајнираниот хечбек Honda Civic за 2022 стапува на сцена за сите оние кои сакаат малку покомпактно „пакување“, но со сите практични предности што ги обезбедува оваа конфигурација на каросеријата во споредба со седанот. Од компанијата велат дека очекуваат новитетот стилски да им се допадне на „помладите, активни клиенти“.

Предниот дел на Civic има различна решетка на ладилникот споредено со седанот, инкорприрајќи хексагонален отвор наместо хоризонтални прегради. Промените позади се уште позначајни. Овој модел визуелно изгледа покомпактен, бидејќи задните и предните препусти се пократки за 12,4 сантиметри во споредба со седанот.

Новиот Honda Civic во хечбек издание го краси искосена линија на кровот, што го прави поаеродинамичен, додека по ширина на задниот дел се протега светлосна лента, за разлика од седанот, кој има две одделни светлосни групи.

Задните врати овозможуваат 4,06 cm поширок отвор во споредба со моделот во заминување, но волуменот на багажникот е за нијанса помал.

Исто така за разлика од седанот, хечбекот ќе може да се нарачува со 6-степен мануелен менувач, достапен во варијанта Civic Sport со 2.0-литарски атмосферски мотор со 160 КС и 187 Nm. Мануелен менувач опционално ќе биде достапен и за 1.5-литарскиот турбо мотор (182 КС и 240 Nm).

Што се однесува до CVT менувачот, тој може да се добие со сите модели, а е единствена опција со пакетите за опрема LX и EX-L. Во случајот на Sport или Sport Touring, воланот е опремен со рачки за менување на степенот на пренос.

Од Honda истакнуваат дека се направени подобрувања и кај суспензијата и управувачот, за да се овозможи поспортско чувството во споредба со седанот.

Што се однесува до ентериерот, Civic LX, Sport и EX-L добиваат 7.0-инчен интрумент екран и 7.0-инчен дисплеј за управување со инфо-забавниот систем. Поголеми димензии доаѓаат со Sport Touring – 10.2 и 9 инчи соодветно.