Прв случај на Covid-19 во MotoGP!
MotoGP во саботата навечер објави дека еден од луѓето кои работат во падокот е позитивен на коронавирус
Од организацијата посочуваат дека досега се направени 5.500 тестови на трките во Шпанија, Андалузија и Чешка и ова е првпат од почетокот на сезоната некој да е заразен. Станува збор за лице кое е вработено во компанијата Dorna Sports.
По пристигнувањето на позитивниот тест во саботата, лицето било веднаш известено и изолирано во хотелот.
Исто така се наведува дека заразеното лице е асимптоматско. Сите лица кои биле во контакт со заразенoт биле веднаш тестирани и се негативни.
Трката во Брно ќе се одржи денес, недела, со почеток во 14:00 часот.