Прв пат – Honda Civic дизел автоматик / ФОТО
Додека голем број производители се ослободуваат од дизелот во понудата за Европа поради поострите правила за емисии на штетни гасови, тоа не е случај со Honda
Згора на тоа, јапонскиот производител за „Стариот континент“ за прв пат во својата историја подготвил комбинација на дизел мотор и автоматски менувач во моделот Civic. Имено, со веќе достапниот, 1.6-литарски i-DTEC дизел мотор со 120 КС и 300 Nm, Honda Civic донесува и автоматски менувач.
Јапонскиот гигант ветува просечна потрошувачка од 4,1 l / 100 km, со емисија на CO2 од 108 g / km во седан и 109 g / km во хечбек варијантa.
Honda тврди дека дизелскиот Civic со автоматик од 0-100 km/h ќе забрзува за 11 секунди со максимална брзина од 200 km/h.
Хечбекот со пет врати од Honda се склопува во Свиндон, Велика Британија, додека седан верзијата со четири врати се склопува во Турција.
Дизел моделот со автоматски менувач ќе биде достапен и во двете верзии.