Seat продолжува со проширување на понудата за Leon со нов бензински мотор 2.0 TSI со 190 КС (140 kW), поврзан со 7-брзински DSG менувач

Моторната гама за Leon ги вклучува следните погонски единици: бензин (TSI), дизел (TDI), лесен хибрид (eTSI), plug-in хибрид (e-HYBRID) и компримиран природен гас (TGI), што е само по себе исклучително широк избор. Сега, понудата е збогатена за уште еден нов бензинец – 2.0 TSI со 190 КС DSG, кој е достапен во двете верзии на каросерија, како хечбек со 5 врати и караван Sportstourer.

Што се однесува до системот за сопирање, Leon 2.0 TSI е опремен со широки 312×25 mm предни диск сопирачки.

Овој нов бензински мотор воведува неколку подобрувања за да се исполнат најновите стандарди за емисија и горивна ефикасност. Прво, воведува нови инјектори за директно вбризгување, кои го заменуваат претходниот систем со двојно вбризгување. Значителното подобрување доаѓа како резултат на намаленото триење на моторот и интеграцијата на новиот турбо систем кои придонесуваат за ефикасноста на оваа нова верзија на Leon.

2.0 TSI 190 КС (140 kW), кој произведува 320 Nm вртежен момент при 1500 – 4100 вртежи во минута и комбинацијата DSG значат и дека, иако SEAT Leon може да достигне 100 km/h за само 7,4 секунди (Sportstourer – 7,6 секунди ), исто така, ефикасно обезбедува динамично возење. Врз основа на официјалниот WLTP тест, комбинираната потрошувачка за верзијата со пет врати е 6,7-7,2 l / 100 km (Sportstourer – 6,7-7,3 l / 100 km), додека емисијата на CO2 е 151 -164 g / km (Sportstourer – 151-165 g / km).

Производството на Seat Leon 2.0 TSI 190 КС DSG со погон на предните тркала, дизајниран и развиен во Барселона, веќе започна во фабриките на марката во Марторел.

На крајот треба да се додаде дека новиот 2.0 TSI мотор со 190 КС е достапен и за SUV моделите Ateca и Tarraco, но исклучиво со погон на сите четири тркала 4Drive.