
Проширена соработката помеѓу Renault Group и Mitsubishi Motors Corporation за останување во Европа
Mitsubiski останува во Европа: група Renault ќе ги произведува сестринските модели за Mitsubishi Motors, наменети за продажба на европскиот пазар
Со договорот се испишува ново поглавје во оперативната соработка помеѓу Renault Group и Mitsubishi Motors Corporation. Mitsubishi од Renault ќе ги набавува сестринските верзии на своите најпродавани европски модели, кои веќе ги исполнуваат регулаторните услови и потоа ќе ги пласираат на избрани европски пазари. Почнувајќи од 2023 година, Mitsubishi Motors ќе продава два сестрински модели произведени во фабриките на Renault. Тоа се модели кои се базираат на исти платформи, но се прилагодени да ја рефлектираат ДНК-та на Mitsubishi.
Новиот plug-in хибрид Mitsubishi Eclipse Cross и сестинскиот модел произведен од Renault треба да ја зголемат пазарната конкурентноста на Mitsubishi Motors.
„Многу сум среќен што Mitsubishi Motors создава нова понуда во Европа. Целта на Алијансата е да ја зголеми конкурентноста и да ја поттикне ефикасноста на споделувањето ресурси во корист на сите три партнери. Нашиот пристап се заснова на соработка и взаемно почитување, се со цел да се подобри ефикасноста на сите три производители и да им се овозможи да ги искористат своите предности, да избегнат дуплирање на ресурсите и да ја подобрат ефикасноста“, вели Жан-Доминик Сенард, претседател на оперативниот одбор на Алијансата и Renault.
„Mitsubishi Motors е подготвен да претстави сестрински модели на оригинални возила на Renault на европскиот пазар и со тоа да привлече нови клиенти. Марката во моментов спроведува структурни реформи во Европа и нашата одлука е да го прекинеме производството на нови возила за европскиот пазар, што го утврдивме во среднорочниот стратешки план од јуни 2020 година, кој сè уште е на сила. Сепак, договорот со Renault за набавка на оригинални делови ќе ни овозможи постпродажните активности да понудиме и нови модели кои се развиени и произведени во Европа“, додаде Такао Като, извршен директор на Mitsubishi Motors.
„Нашата нова мисија е да создадеме значајни и важни проекти во рамките на Алијансата и потоа нивна реализација. Ваквиот прагматичен пристап, заснован на зголемена вредност, прави разлика во нашето производство и ги намалува емисиите на јаглерод диоксид на нашите партнери на европските патишта. Овој проект е за пофалба, ги исполнува сите очекувања на нашите партнери во однос на дизајнот, регулаторните барања и деловните цели. За мене, тоа е токму суштината на Алијансата. Групата Renault е многу среќна што може да придонесе за ново поглавје во историјата на соработката“, вели Лука Де Мео, извршен директор на групацијата Renault.
Во согласност со објавата на Алијансата во мај 2020 година, групацијата Renault, Nissan Motor Co., Ltd и Mitsubishi Motors, членки на еден од најголемите сојузи во автомобилската индустрија, продолжуваат да работат на неколку иницијативи за зајакнување на конкурентноста и постигнување натамошен раст со искористување на сопствените позиции на пазарот и географските предности.