Групацијата Volkswagen планира на местото прв човек на компанијата да го донесе Херберт Дис, сегашниот прв човек на VW, наместо сегашниот менаџер, Матијас Милер, пренесува извори блиски до германскиот гигант, кој сака да остане анонимен поради фактот дека се уште нема официјално соопштение

На состанокот на надзорниот одбор на компанијата, закажан за овој петок, треба да се дискутиратокму на оваа тема, иако портпаролот на VW групата е недостапен за коментар.

VW во соопштението за медиумите пренесува дека Ханс Дитер Печ во моментов разговара со највисоките функционире на тема рокади во управниот тим, како и дека 64-годишниот Милер „изразил добра волја во овој процес да има конструктивно учество“. Сепак, од соопштението не можат да се откријат дополнителни детали.

Со инаугурација на Дис на највисоката позиција, Volkswagen би добил свој човек на чело на компанијата, но во исто време би се потпирал и на некој во компанијата е дојден од конкурентска компанија, одговорен за извршување на така висока задача. Имено, Херберт Дис во VW пристигна во средината на 2015 година од групата BMW, неколку месеци пред избувнување на дизел аферата.

Вклучувајќи го Милер, одборот на директори на Volkswagen брои девет лица, чии одговорности се протегаат од секторот за јавни набавки, правни работи до човечки ресурси. Во меѓувреме, претставници на Audi, VW дивизијата која произведува камионети како и дивизијата која го води бизнисот на групата во Кина, се исто така членови на одборот на директори на VW Group.

„Во моментов е неизвесно дали размислувањата и дискусиите кои се започнати, ќе иницираат понатамошни рокади и поместувања во структурата на управата“, се вели во известувањето за медиумите доставено од VW.

Претставниците на компанијата Porsche, како и на германската сојузна држава Долна Саксонија, како најголеми акционери на VW групата, не се достапни за коментар.