Скандалот со истекување на лични информации од Facebook, со посредство на компанијата Cambridge Anaylitics, ја принуди оваа социјална мрежа сериозно да се позанимава со заштитата на информации на своите корисници, а првите промени веќе се видливи

Така, поголемиот дел од корисниците на врвот на својот News Feed веќе се во можност да ги видат сите апликации кои ги користат, но и сите лични податоци и апликации кои истите ги користат.

Според технолошкиот директор на Facebook, Мајк Шропфер, на тој начин на корисниците ќе им биде овозможено лесно да ги отстранат апликациите кои повеќе не ги сакаат.

„Овие промени, веруваме, подобро ќе ги заштитат информациите на нашите корисници подобро“, вели тој.

За корисниците на Messenger веројатно им е важно дека Facebook ќе ги избрише сите повици и пораки постари од една година, со цел да се минимизира можноста за злоупотреба на податоци.

Во меѓувреме, кризата предизвикана од истекувањето на податоци продолжува. Така, основачот и извршен директор на Facebook, Марк Закерберг, денес за прв пат ќе одговара на прашања од претставници на американскиот Конгрес, од каде доаѓаат се повеќе критики за социјалната мрежа, што е причина за се поголем притисок на Facebook за подобро регулирање на овој сектор.

„Расправата ќе биде одлична можност да се расветли ситуацијата со употребата на лични податоци за потрошувачки цели и да им се помогне на сите Американци за подобро да разберат што се случува со нивните лични податоци објавени на интернет“, се вели во соопштението на конгресната Комисија за енергетика и трговија“.

„Навистина ја цениме подготвеноста на Закерберг да сведочи пред комисијата“, вели тој.

Откалко во неколку наврати ја призна грешката и вети подобрувања, Закерберг најави нови мерки за борба против политичките манипулации за да се намали штетата нанесена со скандалот Cambridge Anaylitics.