Најпродаваниот електричен автомобил во првата половина од 2020 година доаѓа од Renault

Ако се погледнат продажните бројки, кризата предизвикана со пандемијата на корона-вирус, на Tesla и нема некое големо влијание. Така, во вториот квартал од 2020 година, овој американски производител на електрични автомобили испорачал над 90.000 автомобили ширум светот, што ги надмина сите очекувања. На оваа бројка треба да се додадат 88.496 возила продадени во првите три месеци од оваа година.

Но и покрај овие одлични резултати, ниту една Tesla не носител на титулата најпродаван електричен автомобил во Европа во првата половина од 2020 година. Оваа титула и припадна на француската компанија Renault чиј електричен модел Zoe стигнал до 37.540 клиенти на европскиот пазар во периодот јануари-јуни. Само во јуни се доставени над 11.000 примероци.

Успехот е уште поголем, ако знае дека Zoe е во продажба од 2013 година и дека се очекува неговата втора генерација.

Колку за потсетување, минатата година, Французите дискретно го освежија моделот, кој сега користи електромотор од 136 КС (100 kW) и 245 Nm (послабата варијанта е со моќност од 108 КС), додека капацитетот на батеријата е зголемен на 52 kWh. Доволно за автономија од 395 км (според циклусот WLTP) со едно полнење на батеријата.

Забрзувањето од 0-100 km/h е 10 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 140 km/h.

Францускиот производител наведува дека надградениот Zoe е компатибилен со брзите полначи, па така за 145 километри возење потребно е 30-минутно полнење на батеријата на брз полнач.