Од 2019 година до денес, Fiat Chrysler и исплатил на Tesla огромни две милијарди евра и со тоа обезбедил профит за американската компанија

Дали знаете зошто Tesla Motors работи позитивно? Бизнисот со автомобили е сè уште во минус, но носи еден нуспроизвод – можност за продажба на таканаречени кредити на други производители во Европа. Имено, на ниво на Европската унија, сите производители чија вкупна просечна емисија на флотно ниво надминува 95 g / km CO2 мора да платат казни.

Пред да биде дел од групата со Peugeot, Citroen и Opel, италијанскиот производител Fiat ги надминуваше стандардните вредности и затоа мораше да плаќа високи казни изречени од ЕУ. Затоа беше проценето дека е поевтино да се купат таканаречени еколошки кредити од компании кои немаат проблем со емисијата на СО2. Tesla ги има и повеќе од потребно затоа што произведува само електрични автомобили и има нула емисија на СО2.

Од 2019 година до денес, групацијата Fiat Chrysler на Tesla и има исплатено огромни две милијарди евра и со тоа обезбедила профит за американската компанија. Без овие пари, ситуацијата не би била розова, односно деловното работење на Tesla не би остварувал профит. Сега претставниците на Stellantis (новиот концерн во кој се наоѓа Fiat Chrysler) преговараат со Tesla за да излезат од долгорочниот договор бидејќи повеќе не треба да купуваат кредити. Тие имаат доволно електрични возила со кои може да остварат просек под 95 g/km CO2 во Европа, а Tesla се соочува со деловни проблеми…