За очекување е дека кај наследникот огромниот W16 ќе добие „помош“ од електромотор и батерија во смисол на хибридна технологија

За време на неодамнешното претставување на одличните резултати на Bugatti во 2021 година, хрватот Мате Римац, новиот извршен директор на новоформираниот Bugatti Rimac, изјави дека Bugatti работи на нов модел со мотор со внатрешно согорување. Овој модел ќе го замени сегашниот Chiron, кој се произведува од 2016 година, а новиот модел се очекува да се појави во 2024 година.

Како потсетување, претходниот шеф на Bugatti, Стефан Винкелман, пред две години изјави дека величествениот W16 мотор на Bugatti сигурно ќе трае уште една деценија и дека може да биде последен од ваков вид во ерата на универзална електрификација која веќе започна.

Добрата вест е дека со новото раководство и новиот директор, овие планови не се отфрлаат, особено ако се земе предвид фактот дека Bugatti сега има неограничен пристап до технологијата на Rimec за брендот да го воведе во новата ера.

За очекување е дека кај наследникот огромниот W16 ќе добие „помош“ од електромотор и батерија во смисол на хибридна технологија, а самиот Мате Римац вели дека Bugatti не треба да биде бренд ограничен на исклучиво електрична технологија.

„Не сакам многу да зборувам за идните планови, но можам да ви кажам дека ќе бидете воодушевени. Ќе бидете особено изненадени од карактеристиките што сè уште не се видени на ниту еден друг автомобил, а јас исто така се залагам за мотор со внатрешно согорување. Има иднина за моторите со внатрешно согорување во Bugatti“, вели Римац.

Коментарите на Хрватот се јасен знак дека следниот хиперавтомобил на Bugatti ќе има подобрена верзија на култниот квад-турбо 8.0-литарски W16 кој го користат Veyron, Chiron и сите хиперавтомобили со ограничено издание на Bugatti досега (Divo, La Voiture Noire, Centodieci, Bolide. .. ). Во исто време, имајќи предвид дека варијантата Chiron Super Sport 300+ веќе располага со 1.600 КС, можеме само да претпоставиме за какво сериско чудовиште на патот би можело да станува збор …

Плановите на Volkswagen за Bugatti во однос на хибридизација се многу слични на оние на Lamborghini, кои ќе го користат својот V12 со хибридна технологија која би обезбедила возење само на електрична енергија во урбани услови за усогласување со строгите прописи за емисија на издувни гасови.

Мате Римац признава дека отсекогаш бил верен обожавател на брендот, внимателно следејќи го напредокот на Bugatti од премиерата на Veyron. Тој, исто така, вели дека е многу среќен што ја презема својата нова улога како лидер на компанијата и ветува дека оваа можност сериозно ја разбира и дека ќе го претвори Bugatti во една од најуспешните компании во автомобилската историја на 21 век.

„Јас сум „car guy. Ја познавам технологијата и моторите и нема да се задоволам со ништо помалку од најдоброто, нешто што ќе ги инспирира новите генерации“.

Извор: jutarnji.hr