„Пристигна“ првиот електричен Bugatti
Пристигна, но нема многу врска со автомобилите
Имено, Bugatti и Gillette ги здружиле силите и го осмислиле првиот систем за рачно бричење со грејач. Целото име е GilletteLabs Bugatti Special Edition Heated Razor, одлично изгледа и наводно, „влегува во нова димензија“ на бричење.
Особено со сината нијанса на Agile Bleu, која ја користат многу автомобили на Bugatti. Тука е и амблемот Macaron, како и некои детали од алуминиум.
Кога станува збор само за бричење, треба да се споменат петте ножиња и технологијата Flexdisco. Веднаш до бричот е парче нерѓосувачки челик што се загрева со притискање на копче.
Цената е непозната, но сметајте дека ќе биде доста значајна. Впрочем, ваков брич без додатоци на Bugatti започнува по цена од 150 евра.