Придржувајте сé до следните работи и вашиот автомобил ќе трае подолго
Ако сакате вашиот лимен миленик да ви служи верно со години, придржувајте се на овие правила
Ако имате стар автомобил што не сакате да го продадете затоа што можеби не можете да си дозволите нов или ви е тешко да се разделите со него, постојат работи што можете да ги направите за да го одржите жив колку што е можно подолго. Дел од нив сигурно веќе ги знаете, па можеби некој од вас и нема да продолжи да го чита овој текст до крајот. Сепак, не е лошо да се потсетите, а можеби ќе дознаете и нешто ново.
Трите најважни работи што треба да ги направите за да го сочувате вашето возило се:
-
Навремени редовни сервиси како генерален преглед, промена на маслото, дополнување на течности, промена на плочки на сопирачките и слично
-
Реагирајте и веднаш отстранете го дефектот кога ќе се појави
-
Секогаш управувајте внимателно додека моторот не ја достигне потребната работна температура.
Ова се неколку стандардни работи кои се обврзувачки за долг живот на вашиот автомобил, но освен нив добро е да ги знаете и следните.
Исклучете ги климатизацијата, греењето и вентилацијата пред да тргнете со возилото
Стартувањето на моторот бара многу електрична енергија. Ако климатизацијата, греењето и вентилацијата се вклучени, потребна е уште поголема енергија. Некои понови автомобили имаат системи кои автоматски ги запираат страничните процеси за време на стартување на моторот, но во повеќето случаи тоа мора да се направи мануелно.
Во ретровизорот секогаш со внимание погледнете кој / каков автомобил вози зад Вас
Автомобилите обично имаат различно потребно растојание за сопирање, затоа секогаш внимавајте кое возило е зад вас. На пример, ако зад вас е некој нов Mercedes, можете да се опуштите бидејќи истиот има моќни сопирачки и технологија за „избегнување судир“. Но, ако зад Вас се наоѓа стар и ислужен автомобил, внимавајте за да спречите судири заради потенцијално слаби сопирачки.
Внимавајте каде паркирате
Паркирајте на места каде нема многу минувачи и деца, така што никој од нив не може да го оштети вашиот автомобил. Избегнувајте училишта и паркови, освен ако немате друга опција.
Трудете се да не го вртите воланот до крај
Многу постари автомобили имаат хидраулично управување. Ова значи дека пумпата ја принудува течноста да ги насочи предните тркала да се вртат во правец на воланот. Колку повеќе вртите, толку пумпите работат појако, а со тоа и побрзо се расипуваат. За среќа, нема потреба често да го вртите воланот до крај, а ако ја оштетите пумпата, веднаш ќе почувствувате потешко управување, бучава, но и истекување на масло.