Во норвешката престолнина Осло во текот на 2019 година во сообраќајни несреќи животот го загубило само едно лице

Норвешкиот план наречен Vision Zero во функција е повеќе од две децении и дава одлични резултати. Целта е нула изгубени животи во сообраќајни незгоди. Како што стојат работите, Норвежаните навистина се многу блиску до остварување на целта.

Така, во главниот град на Норвешка со население од 673.000, во 2019 година, само едно лице го загубило лицето во сообраќајна несреќа. Станува збор за возач кој со автомобил удрил во оградата на железничката станица.

Ова значи дека во Осло во текот на 2019 година немало загинати пешаци, велосипедисти или лица под 16-годишна возраст. Нешто што е уште поважно, не само во Осло туку во Норвешка генерално, ниту едно дете или личност под 16-годишна возраст не го загубило животот во сообраќаен инцидент.

Како до ваков исход? Градоначалникот на Осло, Рејмонд Јохансен, вели дека ова е благодарение на еден сеопфатен и детален план. 

„Ние ја намаливме максималната дозволена брзина за автомобили, го намаливме бројот на паркинг места во централните делови на градот, одредени делови од Осло ги прогласивме за пешачки зони и забранивме употреба на автомобили во околината на училиштата“, вели Јохансен.

Тој исто така верува дека и технологијата е многу важна за понатамошно подобрување на безбедноста на јавните патишта и дека норвешката престолнина има пилот-проект за автономни урбани возила.