Акциите на американската компанија Tesla достигнаа највисока цена во нивната историја

Според експертите на Вол Стрит, главната причина за тоа се неверојатните успеси во продажбата на Tesla во Кина и нивните планови за иднината, во кои е вклучена и гигафабриката во Шангај.

„Tesla се покажа како голем конкурент на сите водечки компании“, вели аналитичарот Колин Раш за Business Insider и продолжува.

„Има одредена тенденција цената да скокне од 385 долари по акција на 612 долари веќе од понеделник, и со тоа да ги надмине и Пајпер Сендлер и Канакорд Џенити. Акциите на Tesla „мора да се купат“, нивната моѓ, технологија и број на податоци заедно со фантастичниот оперативен систем се години напред пред конкуренцијата“, смета Руш.

Според тоа како се одвиваат работите во Кина, Tesla има големи резултати во четвртиот квартал од 2019 година и се очекува истите да одат само во еден правец – нагоре.

Loading...