Вистинската причина е мажјак леопард на возраст околу три години, а спасувањето траело околу четири, додека работата во фабриката била прекината околу шест часа

Вестите за прекини на производството на автомобили деновиве се чести, а главните причини се недостатокот на автомобилски чипови или санкции поврзани со руската инвазија на Украина. Последната фабрика која привремено се затвори беше фабриката на Mercedes во Махараштра, Индија, но застојот во овој случај не бил предизвикан од недостиг на чипови.

Имено, причината за прекинот на производството е веројатно прва од овој тип за германскиот производител – во објектот влегол леопард и талкал неколку часа. Тоа, разбирливо, ги вознемирило вработените, кои за среќа не се обиделе да ги земат работите во свои раце. Одделот за шуми Chakan и Wildlife SOS за диви животни ја предводеле мисија за спасување на изгубениот и исплашен леопард во фабриката.

Екипите на крајот го пронашле во една од производните единици зад куп кутии и палети, по што успеале да го смират од безбедно растојание и да го оддалечат од фабриката.

Според Wildlife SOS, леопардот е мажјак на околу три години, а спасувањето траело околу четири часа, додека работата во фабриката била прекината на околу шест. Младиот леопард моментално е под медицински надзор, пред да биде пуштен назад во дивината.

Додека насловите како овој секако привлекуваат внимание, проблемот има многу подлабока природа. Имено, овој инцидент го одразува губењето на живеалиштето за дивите животни, а според Wildlife SOS, леопардот најверојатно се упатил кон фабриката поради сличните соседни области околу шумските области. Монтажната линија на Mercedes се наоѓа во Махараштра каде густината на населеност на леопарди е една од највисоките во светот.

Затоа, постои можност вакво нешто да се повтори. За среќа, инцидентот завршил без повредени, вклучително и леопардот. Фабриката на Mercedes во Индија склопува модели како C-Class, E-Class, S-Class и CLA Coupe. Во фабриката се склопуваат и кросоверите GLA, GLC, GLE и GLS, а GLC се извезува во САД.