Zeekr е нов бренд кој произведува исклучиво електрични автомобили.

Му припаѓа на кинескиот гигант Geely, кој е сопственик и на Volvo, а во Европа оваа година доаѓа со моделот 001.

Во Кина брендот штотуку претстави специјален SUV 001 со кој декларира дури 1.032 километри автономија со едно полнење на батеријата. Оваа автономија се базира на најновата генерација на литиумска батерија со многу висок капацитет (140 kWh) произведена од CATL, компанија која е светски лидер во овој сектор.

Наречена Qilin, оваа батерија му овозможува на Zeekr да ги помине фабрички декларираните 1.000 километри, со што овој автомобил и дефинитивно би бил рекордер кога станува за дометот со едно полнење на батеријата.

Имено, би ги надминал моменталните најдобри автомобили на ова поле:

  • Mercedes EQS (780 km)
  • Teslu Model S (652 km)
  • BMW IX Drive (630 km)

Она што мора да се земе предвид е дека оваа бројка е генерирана според локалната CTLC норма. Во Европа, построгите регулативи на WLTP би го намалиле тоа растојание за приближно 20%, но и покрај тоа, овој SUV долг речиси пет метри би бил најдобар, особено ако се земе предвид дека има подигната каросерија. 

Zeekr 001 штотуку е претставен во Кина во ограничено издание од 1.000 единици. Има еден мотор на задната оска и се продава за само 55.000 евра. Не е познато дали овој Zeekr 001 доаѓа во Европа, но моделите опремени со помали батерии сигурно ќе се појават на пазарот оваа година…