Претставен и последниот болид за новата F1 сезона: Alpine A523 / ФОТО+ВИДЕО
Последната презентација на тимски болид за оваа сезона се одржа во Лондон, каде што тимот на Alpine го претстави својот нов болид за сезоната 2023, наречен А523
Откако беа прикажани промотивните материјали за патничките автомобили на Alpine, конференцијата започна со Лука де Меа, директор на Renault и Лорен Роси, директор на Alpine одделот.
Двојката накратко ја сумираше минатата сезона, а клучно беше признанието од двајцата дека ланската разлика до третото место во поредокот е сепак преголема.
Реални се и изјавите за оваа сезона:
„До четвртото место во поредокот лесно ќе стигнеме, верувам во овој тим дека може пак, но нека биде со повеќе подиуми и со помалку откажувања.
Намалувањето на заостатокот зад тимовите пред нас е голем чекор, но верувам дека можеме да го фатиме. Тимот се искачува и тоа ќе продолжи, сигурен сум во тоа“.
Лорен Роси
Беа претставени две различни комбинации на бои на автомобили:
Според тимскиот шеф, Отмар Шафнауер, тимот мора да продолжи да покажува напредок и да биде поблиску до третото отколку до петтото место.
„Мораме да направиме чекор поблиску до освојањето на првенството, а тоа сакаме да го направиме на 100 трки. За 2023 година целта е едноставна: Минимално мора да завршиме на четврто место и тоа на многу поубедлив начин. Тоа значи повеќе завршени трки, повеќе поени и помалку откажувања“.
Отмар Шафнауер
На прв поглед, A523 е еволуција на минатогодишниот автомобил, врз основа на лекциите научени токму минатата сезона. Возачите Естебан Окон и новодојдениот Пјер Гасли се надеваат на посигурен болид од нивниот претходник, со цел да постигнат уште подобри резултати во 2023 година со помалку повлекувања од трките.
„Фантастично е службено да се биде претставен како возач на тимот BWT Alpine F1 и многу се радувам на оваа следна фаза од мојата кариера. Едвај чекам да го видам потенцијалот и способносите на болидот во претсезонското тестирање.”
Пјер Гасли
Џек Духан е резервниот возач на тимот во 2023 година, а ќе вози и во Formula 2. Возачите веќе го тестираа новиот болид во понеделникот на Силверстоун, завршувајќи сесија од 100 километри.