Alfa Romeo, меѓу последните го претстави автомобилот за 2019 година пред почетокот на првите тестови кои денес започнуваат во Барселона

По ребрендирањето од Sauber во Alfa Romeo, тимот и естетски го унапредил црвено-белиот колорит на болидот.

Новиот C38, има поагресивно предно крило и „нос“ споредбено со минатогодишниот модел.

Тимот сигурно ќе има армија на навивачи, без оглед на тоа што не е помеѓу фаворитите. Покрај името Alfa Romeo, кое многумина со децении го чекаа повторно во Formula 1, во тимот е и едно големо возачко име – Кими Раиконен чиј партнер ќе биде дебитантот Антонио Ѓовинаци.