По три години на пазарот, Renault ја освежи втората генерација на својот најголем SUV модел

Визуелно промените се минимални и вклучуваат нова маска за ладилникот, помасивни заштитни додатоци на долните делови на браниците и нови хромирани украсни детали.

Моделот за 2020 година добил Pure Vision LED фарови, сега стандардни во сите пакети на опрема, потоа задни светлосни групи со 3D ефект и понагласени стоп светла.

Во понуда ќе биде и нова црвена металик боја (Vintage Red), како и редизајнирани алуминиумски фелни.

Производителот вели дека го подобрил квалитетот на материјалите во патничкиот простор, а на располагање на клиентите ќе бидат и нови модели на навлаки за седиштата.

Мултимедијалниот R-Link2 систем, достапен со дисплеи од 7 и 8,7 инчи, сега има функција Apple CarPlay.

Renault Koleos за 2020 година е стандардно опремен со систем за автоматско сопирање во случај на опасност и технологија за детекција на пешаци на патот.

Погонската гама е збогатена со два нови дизел мотори – 1.8 dCi со 150 КС (110 kW) и 380 Nm, додека поголемиот 2.0 dCi испорачува 190 КС (140 kW) и 380 Nm. Двата агрегати се спарени со X-Tronic CVT менувач, а помоќната дизел верзија доаѓа стандардно со погон на сите четири тркала.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Продажбата на новиот Koleos во Европа ќе започне во јули, а првите купувачи своите возила во ќе ги добијат во октомври. Цените сеуште не се објавени.

Loading...