Она што досега недостасуваше во понудата на легендарниот производител е претставник во познатиот кросовер купе сегмент, во кој со години успешно продаваат пазарните конкуренти. Овде станува збор за пионерот во сегментот BMW X6, но и Mercedes GLE Coupe, а неодамна и Lamborghini Urus и Audi Q8

На прв поглед, ако се суди според фотографиите, се чини дека Porsche има постигнато најмногу во однос на дизајнот. Сè до А столбот останало непроменето во однос на  стандардниот Cayenne. Веднаш потоа следат остро поставените А столбови и севкупно понизок кров со купе закривување на крајот, што на некој начин потсетува на моделот 911.

Задните светлосни групи се поставени под поинаков агол во однос на конвенционалниот SUV, а задните калниците се пошироки за 18 милиметри, додека автомобилот е 20 милиметри понизок од стандардниот Cayennе. Панорамското стакло е дел од стандардната опрема, а за лесен карбон покрив неопходно е да се доплати, додека стандардниот алуминиумски покрив воопшто не е достапен. Спојлерот над задниот прозорец, покрај визуелниот ефект, не влијае на аеродинамиката на возилото.

Поради сево ова, багажниот простор е помал и неговиот волумен изнесува 764 литри односно 622 кај моделот Turbo. За да се зачува простор за патниците кои седат позади, подвижбата задна клупа е заменета со фиксна која е околу 30 милиметри пониска од онаа во во класичниот Cayenne. Оваа клупа е стандардно поделена на два дела, а со доплата може да биде и троделна.

Porsche Cayenne Coupe ќе биде достапен со истите погонски единици како и стандардниот модел, но во првите месеци од продажбата ќе бидат достапни само 3-литарскиот V6 мотор со 340 КС и V8 со волумен од 4.0-литри кој произведува 550 КС, а носи име Cayenne Turbo Coupe. Сите агрегати се бензински, со оглед на тоа што Porsche од неодамна целосно се откажа од дизелот.

Cayenne Coupe доаѓа со нешто побогата стандардна опрема и покрај споменатиот панорамски покрив вклучува Porsche Active Suspension Management (PASM), Sport Chrono пакет, 20-инчни алуминиумски фелни и паркинг асистент.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”10Mpw_FB97kqE8wNXIqiQH01rHyoMw1SZ” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Продажбата на моделот ќе започне во мај, а почетната цена ќе изнесува околу 80.000 евра.