Audi претстави верзија на малиот A1 која на патниците им нуди повисока позиција на седење во споредба со најмалиот класичен хеџбек од брендот од Инголштад. Официјалната премиера за европскиот пазар ќе се одржи пред крајот на тековната година

Иако механички гледано новиот A1 Citycarver има многу компоненти со класичниот А1, системот за суспензија е модифициран, така што оваа верзија е повисока за 35 мм повисока, а тркалата се поголеми. Производителот наведува дека, во идеални услови, A1 Citycarver има повисок клиренс за 4 см споредбено со стандардниот А1.

За да добие „помажествен“ изглед, верзијата добила некои детали како решетката на ладилникот која сега делува некако помоќно, како и парот отвори за воздух над решетката на ладилникот, поголеми лакови над тркалата… Секако низ „AllRoad“ третманот поминал и задниот дел. Тркалата во A1 Citycarver мора да бидат помеѓу 16 и 18 инчи, ако се почитуваат нормите на производителот.

За клиентите ќе бидат достапни девет нијанси на бои за каросеријата, а можно ќе биде да се нарача и комбинација од две бои во која покривот е црн или сив. Опционално е достапен и „црн стилски пакет“, со кој во долните зони комбинира деловите во црно, наместо со стандардна сребрена боја која наликува на сенки од нерѓосувачки челик.

Внатрешноста на Citycarver верзијата е речиси идентична со она што го знаеми и во класичниот  А1. Клиентите можат да изберат нијанси кои го потенцираат тримот на централниот тунел, вентилациските отвори, панелите на вратите …

На централната конзола доминира виртуелниот кокпит со дијагонала од 10,25 инчи, што е стандарден дел од опремата во целата гама на малиот премиум. Но како и секогаш кога се во прашање германците, за нешто плус парички, виртуелниот кокпит ќе ви овозможи повеќе функции..

Централниот екран на допир има дијагонала од 10,1 инчи и е опционално достапен. Истиот нуди можност за прикажување на маршрутата за навигација, сателитски мапи и нови 3D поставки за возење во градски услови. Опциите за Apple CarPlay и Android Auto connectivity се стандардни, а новина е гласовната контрола.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1ldnBnkUSbFkm5R9v8wuAs0b4F3yHQeMU” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Информации во однос на моторната гама сеуште нема, но се претпоставува дека ќе се преземе од стандардниот А1. Цената исто така не е позната.